ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

ССМ поднесе тужба против Македонија

Сојузот на синдикатите поднесе тужба против Македонија во Основниот граѓански суд во Скопје. Причина е непостапувањето на властите во делот на зголемување на просечната плата по растот на минималната, како во приватниот така и во јавниот сектор. Синдикалците велат дека правото на достоинствена заработувачка, односно заработувачка што обезбедува пристоен животен стандард е право гарантирано со меѓународните инструменти за човекови права. ССМ речиси цело лето протестираше со блокади на главните булевари и крстосници во Скопје, а јавниот сектор беше под генерален штрајк поради истите причини, но Владата не се согласи на покачување на платите.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.