Српската премиерка му одговори на албанскиот претседател: Без провокации и дипломатски пристојно
Премиерката на Србија Ана Брнабиќ реагираше на изјавата на претседателот на Албанија Илир Мета на Јахорина, и порача дека СЕЕЦП не ја препознава таканаречената Република Косово.
Таа истакна дека нема простор за провокации.
Мета, кој се обрати на пленарната седница на Процесот за соработка во југоисточна Европа (СЕЕЦП), ја повика БиХ да ја препознае „реалноста дека Косово е независна и суверена земја“.
На тоа Брнабиќ му кажа дека Процесот не ја препознава таканаречената Република Косово, како ни домаќинот Босна и Херцеговина, и дека е дипломатски пристојни и во ред тоа да се почитува.
„И не само тоа, туку на самитот, покрај домаќинот, учествуваат земји кои не го признаваат Косово – Романија, Грција, Молдавија“, истакна Брнабиќ.
„Предлагам да ја почитуваме рамката поставена во Процесот на соработка и за регионалната стабилност, како и почитувањето едни на други и да не користиме провокации какви што користи Мета“, порача Брнабиќ.
Како што кажа, и на неа ѝ е жал што претставниците на Приштина не учествуваат на собирот, но дека тоа покажува како Приштина во овој момент гледа на регионалната соработка.
„Ова е само последниот чекор во низата кои Приштина ги повлекува од ноември минатата година, а со кои на сите им даваат до знаење колку им се важни регионалното поврзување и соработката“, заклучи српската премиерка.