ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Српската изборна комисија ги објави конечните изборни резултати

Листата „Александар Вучиќ – Србија не смее да запре“ освои најмногу мандати – 129, односно 1.783.701 глас или 46,75 отсто.Републичката изборна комисија (РИК) на Србија вечерва го усвои севкупниот извештај за конечните резултати од изборите одржани на 17 декември, според кој во Собранието на Србија влегуваат 10 листи, од кои листата „Александар Вучиќ – Србија не смее да запре“ освои најмногу мандати – 129, односно 1.783.701 глас или 46,75 отсто.

Листата „Србија против насилството“ ќе има 65 пратенички мандати, со 902.450 или 23,66 отсто од гласовите.

Следува листата „Ивица Дачиќ – премиер на Србија“, која ја поддржале 249.916 гласачи, односно 6,55 отсто, а во парламентот ќе ја претставуваат 18 пратеници.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.