ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Србите во Косово под засилен полициски притисок спроти Велигден и локалните избори

Косовскиот премиер Албин Курти ѝ наредил на косовската специјална полиција да го засили своето присуство на северот од Косово спроти Велигден како форма на притисок врз Србите пред локалните избори закажани во четири српски општини на 23 април, пренесува „Ало“.Како дел од т.н. План Б, односно акцијата „Чистач“ чија главна цел, според спрскиот медиум, е проерување на Србите од Косово, косовските специјални сили добиле јасно разработен план што опфаќа покривање на сите стратешки точки на северот од Косово – мостови, магистрални патишта, ридови по административната линија- како и дел од езерото Газиводе и браната.

Со засиленото присуство на вооружени специјалци, на кои треба да им се приклучат и припадниците на КБС, Курти наводно сака кај локалните Срби да испровоцира реакција што ќе му послужи како “алиби” за апсење и прогон на српското население кое одбива да гласа на локалните избори.

Според српските медиуми, т.н. План Б се состои од три фази, а првата почнала со апсењето на еден угледен српски лекар на преминот Јариње во саботата, забрана на натпреварите на српските спортски клубови и со напади на православните верски објекти со кои Курти наводно сака да им испрати порака на Србите да внимаваат како се однесуваат.

Исто во саботата бил провален и ограбен конакот на црквата Свети Јован која му припаѓа на метохот на манастирот Високи Дечани.

И Милован Дрецун, претседател на Одборот за Косово и Метохија при српското Собрание, алармираше дека се зголемува теророт на пипадниците на приштинските специјални сили над Србите на Косово, особено над децата, пишува спрски „Новости“.

Тој ја обвини Приштина за обид да изврши целосна милитаризација на северот од Косово, односно да го заземе северот не само со полициски, туку и со воени сили, посочувајќи дека очекуваат имтензивирање на теророт пред изборите што Приштина ги закажа на северот и пред претстојните Велигденски празници.

Според сведштвата на локалното население, трупањето полициски сили на северот од Косово веќе почнало и дека специјалци со фантомки и вооружени до заби го пресретуваат локалното население и ги претресуваат автомобилите и пешаците.

Според Ало, втората фаза од плаот на Курти го опфаќа предизборниот молк, но и самиот ден на изборите, 23 април, за кога се подготвува најмасовно присуство на полицијата и на припадниците на КБС на северот од Косово.

Третата фаза, според спрските медиуми, предвидува “чистење” на северот од Косово од српското население, но и удар врз српскте институции. Од почетокот на годинава, на Косово се забележани дури 37 етнички мотивирани напади врз Србите додека минатата година биле забележни 128 напади.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon

Можеби сте пропуштиле

Британската и македонската Влада денеска во Лондон го потпишаа договорот за соработка. На договорот се потпишаа британскиот министер за извоз Гарет Томас и вицепремиерот и министер за транспорт и врски Александар Николоски, свеченото потпишување се одржа во историската зграда на Стариот Адмиралитет во Лондон. Со потпишувањето на овој документ, на Македонија ѝ се ставаат на располагање 5 милијарди фунти (6 милијарди евра) за финансирање на капитални проекти во повеќе стратешки сектори. „Стратешкото партнерство со Обединетото Кралство, го гледаме како нешто што ќе ја доведе Македонија до едно ново ниво. Денес потпишуваме Договор Влада со Влада за развојни-инфраструктурни проекти во клучни сектори, како што се: транспорт, образование, животна средина, информатичка технологија, како и други сектори кои што ќе ги развиваме, тука е здравството, но и образованието и ќе продолжиме да соработуваме во претстојниот период. Навистина сме благодарни што Обединетото Кралство, со својот Инструмент за поддршка на надворешно финансирање, постави рамка од 5 милијарди фунти, што е најголемиот договор што Македонија го потпишала во својата историја во однос на економијата. Навистина сме благодарни за тоа и ова го гледаме како одлична можност за целата држава да се развива. Веќе имаме три проекти кои што се подготвени. Тоа е проектот за брзата железница на Коридорот 10, здравствениот проект за болници и секако проектот за образование, за Медицинскиот факултет, а во претстојниот период ќе бараме нови проекти во секторите за енергетика и животна средина, но и други проекти секако“, изјави Николоски по потпишувањето. Министерот за извоз Томас рече дека ова партнерство „отвора ново поглавје во нашите билатерални односи со Северна Македонија“. „Велика Британија има богато искуство во испораката на висококвалитетна инфраструктура низ целиот свет и среќен сум што го започнувам ова ново партнерство што ќе им помогне на повеќе британски бизниси да извезуваат во Северна Македонија“, рече Томас. Од шесте милијарди евра финансиска рамка со Обединетото Кралство во првиот циклус од пет години ќе се повлечат околу 2,2 милијарди евра, изјави министерката за финансии, Гордана Димитриеска-Кочоска во емисијата „360 степени“. „Две милијарди на пет години се по 400 милиони евра. Толку е годишното зголемување на јавниот долг по однос на овие инвестиции кои, од друга страна, ќе придонесат за раст на економијата. Никаде не пишува дека имаме задолжително повлекување на петте милијарди, а британската Влада гарантира дека Македонија кога ќе ги земе кредитите, ќе ги врати“, рече Димитриеска-Кочоска. Министерката рече дека таа не може да даде повеќе детали за парите, висината на каматата и се останато, се додека не добие готов проект на маса. „Ќе мора да седнеме и со министерот за транспорт да се разговара да каже кои се проектите и потоа ние како Министерство за финансии, покрај што ќе добиеме понуда од банката по процедурите од финансии, ќе си побараме понуда и од други меѓународни институции, затоа што тоа го налага законот. Така што, во овој момент не би можела да зборувам повеќе детали затоа што немам зрел проект пуштен во Финансии, врз основа на кој ќе барам понуда од повеќе банки и ќе излезам да кажам колку е точно каматата би било несериозно. Она што го знам и го имам како информација, се разговара за клинички во Штип, болница во Кичево и онаа брза пруга“, рече министерката Димитриеска-Кочоска.

Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.