Спикерот Џафери донел политичка одлука да не дозволи гласање за Уставот
Спикерот Џафери го искористил дискрециското право и како што вели политички, врз основа на информациите од координаторите на владејачкото мнозинство, проценил дека нема услови за гласање за пристапување на промена на Уставот во петокот. Тој го применил Деловникот дека претседателот на Собранието може да ја прекине седницата ако нема мнозинство пратеници потребно за одлучување и во други случаи кога ќе оцени дека тоа е неопходно.
Џафери се решил на ваков чекор и покрај тоа што во салата имаше кворум и тоа од над 100 пратеници. Дополнително, Џафери им верувал на координаторите и покрај тоа што според Уставот пратеникот ги претставува граѓаните и во Собранието одлучува по свое уверување.
Претходно, од опозициската ВМРО-ДПМНЕ обвинија дека Џафери го прекршил Деловникот бидејки применил одредба која се однесува на редовно водење на седниците, а не од промена на Уставот. Бараат спикерот веднаш да закаже продолжение на уставните измени и да се гласа.
За власта, нема деловничка злоупотреба од страна на Џафери. Од СДСМ велат дека ќе преговараат со секој пратеник на ВМРО-ДПМНЕ на секакво ниво за да го обезбедат потребното 2/3 мнозинство што поскоро и да се оди на гласање.
Петочната седница за уставни измени траеше кратко со малку говорници по што беше исцрпена дебатата за пристапување кон промена на Уставот, но гласање не се случи. Пратениците имаа шанса да се пребројат претходно при гласање за дневен ред. Поддршка уставните измени дадоа 70 пратеници, додека 47 беа против.