Спасовски: Секое гласање за ДУИ е глас за ВМРО-ДПМНЕ
Изборите на 15 јули се референдумски важни, бидејќи гласаме за Сигурност и избираме да продолжиме по правиот пат. Спротивната опција на овој пат е Опасност од обновен режим и тоа никој од нас не сака ни да помисли што ќе значи: нови политички дестабилизации, делби, конфликти дома, кавги со соседите и со светот, нова изолација на државата, нула пари за граѓаните и државата и повторно трауми и милиони преку вашиот грб во истурени раце на Мицкоски и носителите на листи на ВМРО-ДПМНЕ, рече Оливер Спасовски, потпретседател на СДСМ и носител во ИЕ 2 во изјава за медиумите.
-Ние постигнавме социјална сигурност, економска сигурност, безбедносна сигурност. Денес нашата држава е членка на најголемиот безбедносен и политички сојуз НАТО. И е на чекор до отворање на преговорите со ЕУ, што веднаш откако тоа ќе се случи ќе значи европски пари за државата – за европски стандарди дома, во нашата земја. Ова се избори коишто бараат од нас да ја покажеме нашата одговорност – колку сме подготвени да ги направиме разликите помеѓу постигнувањата во изминатите 3 години, со 11-годишното тонење на државата и да застанеме во одбрана на тие постигнувања- рече Спасовски.Прочитајте и… Познат јутјубер обвинет дека заведувал и имал сексуални односи со малолетни девојки
Затоа велиме, истакна тој, дека гласот за број 3 на овие избори значи:
-Сигурен раст на платите на граѓаните, а не на нови милиони народни пари кај луѓето на Груевски.
-Сигурна правда, преку прочиствување на правосудството од корумпирани судии и обвинители, а не Мицкоски да ги спасува Камчев, Груевски и нивните помишници.
-Значи сигурен пат, по НАТО – и кон ЕУ, а не тие да го поништат Договорот од Преспа и да предизвикаат нова внатрешна и надворешна нестабилност.
-Сигурни одговорни луѓе кои докажано денес пружаат здравствена грижа за сите, а не неодговорни како Мицкоски и соработниците, кои блокираат проекти во здравството, шират паника и мислат на тендери, на штета на здравјето на граѓаните.Прочитајте и… Економијата ќе се намалува со многу брзо темпо во наредниот период
-Една претставничка од дипломатската заедница пред некој ден ми рече: Сигурна сум дека Република Северна Македонија ќе покаже дека е возрасна демократија, по европскиот пат. Очите и на демократскиот свет повторно се завртени кон нас, дали знаеме да сме праведни кон себе, да ги вреднуваме историските постигнувања на меѓународен план, да си кажеме дека можеме и повеќе и подобро дома и да продолжиме напред – на сигурно, зашто сега е моментот и за тоа. Треба да сме свесни дека ако ја пуштиме државата низ вода, со неа ќе отиде и нашата сигурна иднина. Затоа апелирам, безбедни се изборите, ќе се одвиваат по строго утврдени протоколи – да одговориме на нашата граѓанска должност денес – за да не се каеме што сме пропуштиле – утре, бидејќи за тоа по 15 јули ќе биде многу доцна- потенцираше Спасовски.Прочитајте и… Пад на цените на производителите на индустриските производи
Секое останување дома, истакна Спасовски, е глас за обнова на режимот. Секое гласање за ДУИ е глас за ВМРО-ДПМНЕ. Секое излегување на гласање и избор на бројот 3 е избор на сигурна иднина. Се грижиме за сите. Ве чуваме на сигурно. Дајте ни шанса, останете на сигурно. Број 3, за сигурност и спокој, наместо обновен режим и неспокој. Ајде повторно на 15 јули. За сигурност.