ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Со гласовите на Алијанса обезбеден кворум во Собранието

По долго време Собранието успеа да одржи нова седница. Потребниот број пратеници за кворум за отворање на 100. седница го обезбеди пратеничката група на Алијансата за Албанците. На прашањето за создавање кворум за отворање на седницата, координаторот на Алијанса, Сирија Рашиди, кусо одговори дека учеството на седницата не значи поддршка за парламентарното мнозинство.

„Мислам дека не треба да коментирам за ова, на крајот на краиштата, учеството на седницата на Собранието не значи поддршка за мнозинството. Секогаш кога тоа било во интерес на граѓаните, ние учествувавме на седниците на Собранието“, рече Рашиди.

Од Движењето БЕСА, пратеникот Фадил Зендели преку текст на социјалните мрежи упати честитки за новото парламентарно мнозинство.

„Секојдневните активности на Алијанса во Собранието ја докажуваат поддршката на парламентарното мнозинство. Тоа се докажува и денеска кога власта со поддршка на Алијансата за Албанците успеа да направи 61 пратеник. Преговорите за влез на Алијанса во Владата се рефлектираат во нивните постапки во Собранието. Честито ново мнозинство!“, рече Зендели.

Собранието подолго време се соочува со потешкотии во одржувањето на седниците поради неможноста да се обезбедат 61 пратеник за почеток на седниците. Поради тоа, голем број седници останаа недоврешни, а голем број закони недонесени.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.