Сојот Омикрон бил присутен во Нигерија уште во октомври
Според Центарот со дополнително секвенционирање на претходно потврдени случаи меѓу лицата кои пристигнале во Нигерија, сојот Омикрон е откриен примероците земени во октомври.
Во Нигерија е потврден првиот случај на сојот Омикрон на коронавирусот кај двајца патници кои пристигнале од Јужноафриканската Република минатата недела, соопшти денеска нигерискиот Центар за контрола на заразни болести на таа земја.
Според Центарот со дополнително секвенционирање на претходно потврдени случаи меѓу лицата кои пристигнале во Нигерија, сојот Омикрон е откриен примероците земени во октомври. Но Центарот не наведува повеќе детали.
Соопштенеито беше објавено пред средбата на јужноафриканскиот претседател Сирил Рамфоза со неговиот нигериски колега Мухамад Бухари денеска во Абуџа, каде најверојатно ќе се разговара за сојот Омикрон.