ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Состојбата со коронавирусот во Штип се уште е аларамнтна

Состојбата со коронавирусот во штип се уште е аларамнтна. Добра вест е дека во последниот ден бројот на хоспитализирани пациенти се намалил на 46, но тоа може и да се измени во текот на денот со оглед на бројот на новозаразени.

Штипскиот градоначалник Бочварски денес на прес конференција рече дека вирусот освен во текстилните фабрики го има и во многу државни и локални институции. Во домашен карантин се 579 лица.

Засега не се планираат рестриктции или карантин за градот, но ако бројките растат, а мерките продолжат да не се почитуваат тогаш не се исклучува ни таа можност. Останува препораката да одат на одмор конфекциите каде има регистрирано позитивни случаи, но засега нема најава за нов масовен скрининг.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.