СОБРАНИЕТО ЈА ПОЧНА СЕДНИЦАТА: Се носат измените на законите за основно и средно образование кои ќе важат во вонредни услови
На десеттина дена пред почетокот на новата учебна година, Собранието денеска ќе ги носи измените на законите за основно и средно образнование. Овие два закони се важни, како што во изминатиот период истакнуваа властите, пред се поради тоа што во Македонија до сега немаше законска рамка како да реализира образовниот процес не само во време на пандемија, туку воопшто во кризни состојби како што се поплави, земјотреси и други елементарни непогоди.
Според министерката за образование, Мила Царовска, законските измени ќе овозможат, конкретно во кризата со епидемијата на корона вирусот да се заштитат и децата и просветните работници, а со тоа ќе може наставата непречено да се одвива во текот на училишната година.
Според предложените измени бројот на наставните денови во учебната година може да биде помал од 180, но не помалку од 100 наставни денови. Со тоа што е предвидено, учебната година да почне на 1.октомври, децата ќе учат 159 дена. Измените предвидуваат настава со физичко присуство и онлајн, а во текот на изминатата недела министерот за здравство Венко Филипче најави дека доколку епидемиолошката слика остане стабилна ќе дозволат и други одделенија да имаат настава со физичко присуство, а не само учениците од пево до трето одделение.