Пратениците денеска со 63 гласа „за“ и ниту еден против или воздржан, во рамки на 50. седница, го донесоа Предлог на закон за парнична постапка, во прво читање.Во рамки на 71. седница пратениците ги усвоија и Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за пензиското и инвалидското осигурување, по скратена постапка, Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за нациoналната инфраструктура на просторните податоци на Република Македонија – прво читање и Годишниот извештај за работата на Државната комисија за спречување на корупцијата за 2021 година.
Пратениците од 79. седница ги изгласаа Предлогот на закон за ратификација на Договорот за партнерство помеѓу Република Северна Македонија, претставена од Министерството за локална самоуправа, како партнер и Република Косово, претставена од Министерството за администрација на локална самоуправа, како партнер-лидер за управување со грант Договорот за техничка помош 2019/410-322, под програмата ИПА Македонија–Косово 2014/2020 и Предлог на законот за ратификација на Спогодбата меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Република Србија за основање Културно-информативни центри во Белград и во Скопје.
Во рамки, пак, на 86. седница пратениците го усвоија Предлогот на закон за изменување на Законот за финансиска дисциплина, во прво читање, а во рамки на 100. седница беше донесен и Предлогот на закон за нуспроизводи од животинско потекло, во прво читање
Додека, пак, во рамки на 103. седница пратениците ги изгласаа Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за финансиските друштва, во прво читање, Барањето за давање на автентично толкување на член 116 од Законот за основното образование („Службен весник на Република Македонија” број 161/19 и 229/20), поднесено од пратеникот Даниела Колева, Барањето за давање на автентично толкување на член 191 а во врска со член 7 од Законот за стечај („Службен весник на Република Македонија” број 34/2006, 126/2006, 84/2007, 47/11, 79/13, 164/13, 29/14, 98/15 и 192/15), поднесено од пратеникот Јован Митрески, Барањето за давање на автентично толкување на член 18 став 2 од Законот за извршување на Буџетот на Република Македонија („Службен весник на Република Македонија” број 287/21 и 164/22), поднесено од пратеникот Фаница Николоска.