ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Собранието го изгласа Ристо Пенов за нов министер за локална самоуправа и избра двајца уставни судии

Со 63 гласа за и 30 против Ристо Пенов и официјално избран за нов министер за локална самоуправа. По гласањето Пенов даде свечена изјава пред пратениците, а законодавниот дом продолжи со својата работа.

Расправата во законодавниот дом се одвиваше на релација  власт опозиција околу тоа дали и колу Пенов е вистинскиот избор за нов министер но не изостанаа ниту другите актуелни и политички теми.

Расправата за изборот на Пенов во законодавниот дом траеше три работни дена а Пенов, се враќа на политичката сцена речиси по една деценија – овој пат на местото на неговиот претходник и сопартиец Горан Милевски кој си поднесе оставка од оваа функција од лични причини. Пенов беше градоначалник на Скопје во два мандати , беше и пратеник но и претседател на ЛДП.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.