ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Снежна бура на северот од Германија, на југот – пролетни температури

Снежна бура, со силен ветер ги зафати северна и западна Германија. Меѓу најтешко погодените е градот Минстер, каде на улиците има толку снег што ни возилата на итната помош не можат да се пробијат, поради што е запрен целиот јавен превоз. До сега паднаа 30 санти-метри снег, а се очекуваат и нови врнежи. Поради ниските температури, бездомниците се сместени во прифатилишта. Германската железница соопшти дека се запрени возовите од Хамбург до Хановер и од Берлин кон западот на земјата. Додека западот на Германија е под мраз, на југот се регистрирани пролетни температури. Снег падна и во поголем дел од Холандија. Таму е запрен железничкиот сообраќај, а аеродромот во Амстердам ги предупреди патниците на можни одлагања на летовите.

Please follow and like us:
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.