ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Смртта на 22-годишна родилка од коронавирус – Јовановска: Два пати одби да биде хоспитализирана

Меѓу 28 жртви од корона вирус според извештајот од четвртокот и една 22 годишна трудница од Скопје. Од Болницата за гинекологија и акушерство велат дека трудницата била во 37 недела од бременоста и ова била нејзина прва бременост.

-Од Министерството за здравство велат дека 22 годишната трудница имала проблем со дијабетес и тироидната жлезда. При третманот посветено било максимално внимание на нејзиното лекување, меѓутоа и покрај тоа трудницата починала на 9 декември известуваат од Министерството.Во текот на бременоста имала и здравствени проблеми. Направила неколку контроли, но не била хоспитализирана, иако на тоа настојувале лекарите и нејзиното семејство. На 23-ти ноември била примена на Клиниката за гинекологија и акушерство во влошена здравствена состојба, кога плодот тукушто починал, објаснуваат од болницата.

На првиот ковид-тест, трудницата излегла негативна, затоа не прифатила да биде хоспитализирана во просторија со пациенти сомнителни на коронавирус. Директорката објаснува дека пациентката ги имала сите симптоми на вирусот и дека по вториот пат излегла позитивна.

На 26 ноември родилката била префрлена во „8 Септември“ каде и починала. Од почетокот на пандемијата, во ковид-Одделот на ГАК биле хоспитализирани 310 позитивни или сомнителни пациентки на Ковид-19. Мал дел од нив завршија во ковид-центрите, а повеќето беа со добра клиничка слика, објаснува директорката Јовановска. Таа ги повикува бремените жени да ги слушаат и следат советите на лекарите.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.