ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Сметките за струја пониски поради намаленото ДДВ, а цената на струјата ќе се покачи за 12,36 отсто

Граѓаните ќе плаќаат пониски сметки за струја поради намалувањето на ДДВ од 18 на 5 отсто, а цената на струјата без ДДВ ќе се зголеми за 12,36 отсто. Тоа значи дека од побараните 50 денари зголемување на сметка од 1.000 денари од страна на енергетските компании Регулаторна комисија за енергетика и водни услуги одобри само 6 денари. На останатите елементи од крајната цена РКЕ нема влијание, а тоа се увозот на струја кој во првите шест месеци изнесувал 32 милиони евра, маржата на ЕВН ХОМЕ, трошокот за обновливи извори на енергија кој е зголемен за 1,5 милиони евра и цената на ЕСМ која во просек е зголемена за 2,5 отсто.

-Евтината тарифа останува на сила во дневните и ноќни интервали како и до сега, а сметките за електрична енергија практично ќе останат непроменети со носење на законот со кој ќе се намали ДДВ-то за електрична енергија. Намалувањето на ддв-то е добро решение, но неопходeн е системски одговор – да се прошири опфатот на ранливи категории кои ќе добиваат субвенции за сметките за електрична енергија, изјави Марко Бислимоски претседателот на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги.

Please follow and like us:
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.