ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Словенија воведува нови мерки, речиси 400 новозаболени од коронавирус

Во Словенија, во изминатите 24 часа, коронавирусот беше потврден кај 397 лица од 3.308 тестирани, додека четири лица починале. Со просечно 120 новоинфицирани дневно на 100 илјади жители во последните 2 недели, исполнет е најважниот од критериумите за активирање на дополнителни ограничувачки мерки, изјави претставникот на словенечката влада, Јелко Кацин.

За кои мерки станува збор во рамките на третиот пакет мерки предвидени за портокаловиот корона-аларм ќе се одлучи на утрешната владина седница, најави Кацин.

Овие мерки вклучуваат воведување вонредна состојба на нивоа од општината до регионот, општа забрана за посета на болници и други институции, затворање на барови, ресторани и спортски сали, пренесува агенцијата СТА.

Владата исто така може да воведе правило дека само еден клиент може да биде услужен во фризерски салони и салони за убавина, како и забрана на верски церемонии и свадби во некои општини.

Владата на Словенија на утрешната седница може да донесе сите или само некои од споменатите мерки.

Во болниците има 180 пациенти, што е за осум повеќе од вчера, а 32 лица се на интензивна нега, односно шест повеќе од претходниот ден.

Бројот на активни случаи е зголемен за 8,7 проценти и изнесува 3.744, пренесуваат словенечките медиуми.

Од почетокот на епидемијата во Словенија се регистрирани 9.231 случаи на коронавирус, а 173 лица починале.

Please follow and like us:
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.