ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Следниот месец администрацијата се враќа на работа со полно работно време

Во полн состав и со полно раобтно време од 1 февруари државната и јавна администрација се враќа на работните места. Ова доаѓа по намалениот број на заразени со ковид-19 на дневно ниво.

Но како што вели владиниот портпарол, Душко Арсовски за МИА, за овој став дополнително ќе се консултираат со Комисијата за заразни болести.

Државната и јавна администрација, општините и судовите, согласно одлуката на Владата од 13. седница, од 20 октомври 2020 година, по препорака на Комисијата за заразни болести при Министерството за здравство ја организираше работата во смени, на далечина (дома) или, пак, редуцирано со систем на ротации, зависно од карактеристиките на работниот процес на институциите, имајќи го предвид Протоколот за превентивни мерки за сите работни места.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.