ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

СЛАВИ ТРИФОНОВ ГО ОБЈАВИ ПРЕДЛОГ-КАБИНЕТОТ НА „ИМА ТАКОВ НАРОД“

Има таков народ“ го предлага Николај Василев за премиер. Слави Трифонов денеска објави дека ИТН ќе преземе одговорност за владата и ќе предложи независен кабинет, бидејќи партиите што протестираат немаат мнозинство заедно за да формираат коалициска влада.

За вицепремиер и министер за надворешни работи, ИТН го номинира Ради Најденов, дипломат, за заменик премиер и министер за внатрешни работи – Николај Радулов.

За министер за финансии предлогот на ИТН е Марија Бојчинова, за министер за економија Љубомир Дацов, за министер за образование Наталија Митева, Красимир Ненов – министер за енергетика, Велислава Петрова – за министер за здравство, за министер за регионален развој и јавни работи – Михаела Лашова, Христо Алексиев – министер за транспорт, информатичка технологија и комуникации, Ивајло Кожухаров – министер за туризам, Пламен Абровски – министер за земјоделство, храна и шумарство, Теодора Генчовска – министер за одбрана, Лилија Иванова – министер за труд, социјална и демографска политика, за министер за култура – Станислава Армутлиева, Петар Илиев – министер за правда, Радостин Василев – министер за млади и спорт, министер без ресор за ромски прашања Антониа Валентинова.

– Владата на ИТН е составена од експерти и пред неа ќе има специфични приоритети со најкраток можен рок за имплементација, најави Слави Трифонов.

Според последните податоци на ЦИК, со 98,92% обработени протоколи, „Има таков народ“ е првата политичка сила на предвремените парламентарни избори одржани вчера со 23,91% од гласовите.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.