ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Скандал: 70 обвинители две години биле прислушувани преку фиксни телефони

Нов скандал со прислушување во Македонија. Седумдесет обвинители од Јавното обвинителство  мета на незаконско прислушување преку фиксните телефони во објектот сместен на кејот на Вардар во центарот на Скопје. Најмалку две години се прислушувале разговорите од фиксните телефони во Јавното обвинителство. Оваа шокантна информација ја кажа државниот јавен обвинител Љубомир Јовески на крајот од брифингот со новинарите кој се однесуваше на “Транспарентноста на обвинителството”. Според Јовески, прислушувањето траело до вчера, а првиот разговор кој бил откриен тајно бил снимен на 30ти септември 2016та година. Скандалот бил откриен недоамна информираат од обвинителството, од таму велат дека е отворена предистражна постапка за расветлување на случајот во која ќе се утврдуваат сите аспекти од настанот, вклучувајќи проверка на тендерската документација за набавка на опремата и овластувањата за нејзино користење.

Разговорите биле снимани на два хард диска и се уште се истражува дали истите биле копирани, бришени или изнесувани надвор од институцијата.

Државниот јавен обвинител на брифингот со новианрите рече дека:

„Отворена е предистражна постапка за да се утврди кој снимал, дали се изнесувани сниманите разговори, дали се злоупотребувани и за кои цели. Се проверува и дали и централата на Обвинителството за организиран криминал, која физички е сместена во зградата на Апелациониот суд Скопје е исто така снимана. Оваа истрага ја води Основното јавно обвинителство на Скопје“,

Хард-дисковите и снимањето на разговорите го откриле лица вработени во Обвинителството. Новиот скандал беше осуден и од Владата. Од таму велат дека во постапката за расчистување на случајот е вклучено и МВР.

Преку комуникацијата на фиксната телефонија се повикувале сведоци, се разменувале податоци за предистраги, истраги и за конкретни судски предмети.

Обвинителството ќе истражува и дали се снимале разговори и пред 30 септември 2016, односно уште од 2013 година откако се пушти во употреба новата зграда.

Во зградата на Кејот се сместени Основното, Вишото и Републичкото обвинителство.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.