ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Ситуацијата со Ковид-19 е на границата што здравствениот систем на Србија може да ја издржи, тврди директорот на Инфективната клиника

Ситуацијата во Србија е на границата што здравствениот систем може да ја издржи. Со таква изјава денеска директорот на Клиниката за инфективни болести при Клиничкиот центар на Србија, Горан Стевановиќ побара отворање нови капацитети за лекување.

По состанокот на директорите на ковид-болниците во Србија и со министерот за здравство, Стевановиќ рече дека првиот заклучок од разговорот е дека ситуацијата воопшто не е лесна, дека местата се на работ на исполнување за пациентите со Ковид-19.

– Обезбедени се места за 24 часа, и после тоа мора да се отворат нови капацитети, бидејќи приливот на пациенти не е намален со денови, објасни тој и додаде дека постојано расте бројот на пациенти на интензивна нега, како и дека се користат големи количини кислород.

– Ситуацијата е на границата што здравствениот систем може да ја издржи.Стевановиќ, нагласи дека има се голем број млади пациенти со се потешки клинички слики, кои доаѓаат по седум или осум дена лекување дома.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.