ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Сите сакаат попис ама на свој начин

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Тимчо Муцунски денеска повтори дека опозициската партија е за одржување попис, но смета дека овој попис е крајно е политизиран.

Собирање потписи за поднесување закон за поништување на Законот за попис е крајно антидржавно однесување, смета СДСМ, додека ВМРО-ДПМНЕ бара да се одржи електронски попис и тој да не биде врзан со два потписа.

Пратеничката од СДСМ Марија Георгиевска на барање на новинарите на денешната прес-конференција да ја коментира најавата од ВМРО-ДПМНЕ за собирање потписи за поништување на законот за попис и на прашањето дали можеби очекува бојкот на опозицијата и опструкција за спроведувањето на пописниот процес, нагласи дека деструктивно е однесувањето на ВМРО-ДПМНЕ околу собирањето на потписи, а повикувањето на бојкот на пописот е крајно антидржавно однесување.

– Се надеваме дека во наредниот период ќе ги преиспитаат своите одлуки околу собирањето на потписи заради тоа што деструктивното однесување и повикувањето за непочитување на законот за попис којшто е од исклучителна важност за нашата држава и за креирањето на понатамошните политики особено во однос на економијата – изјави Георгиевска.

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Тимчо Муцунски денеска повтори дека опозициската партија е за одржување попис, но смета дека овој попис е крајно е политизиран. Тој уште еднаш го повика претседателот Стево Пендаровски, пред да реши дали да го потпише указот за Законот за попис да се консултира со експерти.

Според него, овој попис се води по застарена методологија, за која партијата смета дека не е усогласена со највисоките стандарди од ОН и ЕУ, односно стандардите на Евростат.

– Ние даваме конкретни предлози како може Македонија да направи електронски попис бидејќи имаме капацитет за тоа. Но очигледно немаше слух – рече Муцунски.

Тој прашува зошто е потребен двоен потпис за да се потврди една статистичка операција, велејќи дека очигледно има крајно политизирање на процесот.

– Во овие први моменти наша обврска е да се обидеме да ги искористиме сите институционални механизми да го спречиме овој попис. Кога ќе се искористат сите институционални механизми, тогаш партијата треба да разговара кои се следните чекори коишто треба да се преземат за да се спречи една ваква политичка, а не статистичка операција. Како пратеник комуницирам со многу граѓани, верувам дека тоа е и ставот на граѓаните. Сите сакаат попис, но никој не сака попис кој ќе го погази достоинството на нашиот уставно-правен систем. За жал, во овој момент законот што го имаме во Собранието гледаме дека има тенденции кои не водат во таа насока – смета Муцунски.

Тој повтори дека попис треба час поскоро, но попис со современи алатки од 21 век.

– Треба електронски попис на Македонија, а Македонија има капацитет тоа да го направи и притоа нема никој да се сомнева во конечните статистики што ќе произлезат од него – нагласи Муцунски.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.