СЗО: Само вакцината нема да биде доволна против короната!
„Вакцината ќе ги надополни другите алатки што ги имаме, но нема да ги замени“, рече Генералниот директор на СЗО, Тедрос Адан Гебрејезус, на состанокот на извршниот совет на СЗО.
Што се однесува до вакцината, извршниот директор, како и неколку негови заменици, во последните денови се обидуваат да го намалат оптимизмот откако Pfizer и BioNTech објавија дека нивната вакцина, која е во третата фаза на тестирање, е ефикасна 90 проценти.
„Првично, количините ќе бидат ограничени и затоа медицинскиот персонал, старите лица и изложените на ризик ќе имаат приоритет и се надеваме дека ова ќе го намали бројот на смртни случаи и ќе овозможи преживување на здравствените системи“, рече Гебрејезус, предупредувајќи дека „сè уште ќе има многу простор за акција на вирусот”.
Затоа, тој повика да нема предвремено укинување на мерките за контрола на ширењето на коронавирусот, како што се тестирање, карантин и следење на контактите.