ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

СЗО : Пандемијата забавува освен на две места во светот

Пандемијата на коронавирус продолжува да се шири, но растот на бројот на нови инфекции и смртни случаи во светот забавува, со исклучок на Југоисточна Азија и источниот Медитеран, објави Светската здравствена организација (СЗО).

Во својот последен извештај за епидемиолошката состојба, објавен вчера вечер, СЗО истакна дека двете Америки остануваат најтешко погодени, што претставува половина од новите случаи и 62 проценти од смртните случаи од вкупно 39,000 минатата недела.

Повеќе од 23,65 милиони луѓе се заразени ширум светот, а 811.000 починале, покажуваат денешните податоци на Ројтерс.

„Во неделата што завршува на 23 август, СЗО објави над 1,7 милиони нови смртни случаи на ковид-19 и 39 илјади починати , што е за 4 проценти помалку заразени и за 12 проценти помалку смртни случаи од претходната недела“.

Југоисточна Азија, вториот најпогоден регион, забележа зголемување од 28 проценти на нови случаи и 15 проценти повеќе смртни случаи. Повеќето од нив се во Индија, но вирусот брзо се шири и во Непал.

Во источниот Медитеран бројот на заболени се зголеми за 4 проценти, но бројот на починати опадна во последните шест недели, соопшти СЗО. Најбрз раст забележаа Либан, Јордан и Тунис, споредено со минатата недела.

Бројот на нови инфекции и смртни случаи во Африка опадна за 8 и 11 проценти, „пред се поради опаѓање на случаите во Алжир, Кенија, Гана, Сенегал и Јужна Африка“.

„Во Европа, бројот на случаи се зголемува во последните три недели“, се вели во извештајот на СЗО, „но мал пад од 1 процент е забележан минатата недела, а бројот на смртни случаи паѓа низ регионот“.

Во регионот на Западен Пацифик, бројот на случаи опаднал за 5 проценти, пред се поради забавување на експанзијата во Јапонија, Австралија, Сингапур, Кина и Виетнам.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.