ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

СЗО: Колективен имунитет? Не во 2021

Светската здравствена организација (СЗО) предупредува дека масовната вакцинација против новиот коронавирус нема да доведе до колективен имунитет во светот оваа година.

Водечкиот научник на СЗО, Сумја Сваминатан, пред новинарите изјави дека е потребно време да се произведат и дистрибуираат доволно дози на вакцината за конечно да се запре ширењето на COVID-19.

Д-р Сваминатан ја истакна потребата земјите да продолжат со мерките за сузбивање на ширењето на вирусот, како што се носење маски, социјално дистанцирање и миење раце, објави Voice of America.

Во исто време, фармацевтската компанија Moderna соопшти дека нејзината вакцина против коронавирусот треба да обезбеди имунитет најмалку една година.

Moderna го соопшти ова на годишната конференција J.P. Morgan Healthcare Conference, тврдејќи дека е убедена дека технологијата што ја применила, а во која се користи рибонуклеинска киселина (РНК), е погодна за развој на вакцина заснована на новиот сој на коронавирус што се појави во неколку земји.

Брус Ајлвард, постар советник на СЗО, рече дека агенцијата се надева дека ќе започне со снабдување на најсиромашните земји во светот со вакцини против COVID-19 во февруари, но истакна дека „не можеме да го направиме тоа сами“, повикувајќи ги производителите на вакцини да дадат приоритет на Установата за глобален пристап до снабдувањето со вакцини против COVID-19 (COVAX).

Речиси 92 милиони луѓе ширум светот се заразени од почетокот на пандемијата, а речиси два милиони починале.

Има повеќе од 24 милиони активни случаи, и иако вакцинацијата започна во многу земји, сè уште се на сила епидемиолошките мерки, кои вклучуваат ограничување на бројот на луѓе на собири, носење маски и задолжителен негативен тест за поминување преку граници.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.