ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

СЗО: Европа има повеќе вакцинирани отколку заразени

Сега во Европа се повеќе во целост вакцинирани против коронавирус отколку што има заразени, соопшти Светската здравствена организација (СЗО).

„Поминаа 462 дена откако беа пријавени првите инфекции во Европа“, рече регионалниот директор на СЗО за Европа, Ханс Клуге. Оттогаш, вирусот е откриен кај 5,5 проценти од вкупното европско население, додека 7 проценти се целосно вакцинирани.

За прв пат по два месеца, Европа забележа значителен пад на нови инфекции минатата недела, рече Клуге, истакнувајќи дека, сепак, бројот на случаи е сè уште многу висок. СЗО во европскиот регион вклучува повеќе од 50 земји, вклучувајќи ги Украина, Русија и Турција.

Во тие земји досега се пријавени 51,3 милиони заразени, вклучително и скоро 1,37 милиони во изминатата недела. Експертите велат дека реалниот број на инфекции е веројатно многу поголем од официјалниот број.

Според Клуге, досега во регионот биле инјектирани околу 215 милиони дози на вакцина. Се проценува дека 16 проценти од популацијата примиле барем една доза.

Ве молиме следете не и стиснете лајк
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.