Се урна полициски хеликоптер, 5-те членови на екипажот во добра состојба – неофицијално причината е силен ветер
Полициски хеликоптер се урна на Меѓународниот аеродром во Скопје. Резервоарот бил наполнет со гориво и се подготвувал за активностите предвидени со годишниот план на МВР, но веднаш се урнал.
Настанот се случил во 11:30 часот.
„Се наоѓаме во близина на Аеродромот во Скопје каде на пистата денеска се урна хеликоптер во кој имаше 5-мина полицајци. Меѓутоа, според информациите на МВР еден од петмината полицајци е лесно повреден.
Новинарски екипи два часа чекаа да добијат подетални информации. За тоа време, имаше и противпожарни возила како и на Брза помош.“, јавува репортерот на ТВ21.
Но, иако најпрво ни рекоа дека ќе ни овозможат да снимаме одблизу, тоа не се случи. Причина беше бидејќи ЈО вршеше вештачење за обезбедување доказни материјали за истражна постапка.
За утврдување на фактите и околностите кои довеле до уривање на хеликоптерот, активности презеле и од МВР, звести министерот Наќе Чулев.
-Согласно годишниот план за редовни активности, припадниците на МВР извршувале тренажен лет. Министерството за внатрешни работи, ќе ги преземе сите неопходни мерки, а во соработка со Агенција за цивилна и воздушна пловидба ќе се формира комисија која ќе треба во целост да ги утврди фактите и околностите под кои се случил настанот.-соопшти Чулев.
Неофицијално се дознава дека причина за уривање на хеликоптерот бил силниот ветер кој цело време се чувствуваше на оваа локација.