Се судрија два руски борбени авиона, во тек потрага по пилотите
Два руски борбени авиона од типот СУ-34 се судрија во текот на воена вежба на небото над далечниот исток на Руската федерација.
Како што се наведува во соопштението од руската армија, авионите летале во подрачјето меѓу островот Сахалин и градот Хабаровск.
Руските медиуми наведуваат дека очевидците наводно забележале дека пилотите се катапултирале, односно изјавиле дека видела два падобрана.
Се претпоставува дека авионите паднале во Татарскиот мореуз, што ги спојува Јапонскот море на југ со Охотското море на север.
Моментално потрагата по пилотите е во тек, а руската војска во спасувачка мисија испрати два хеликоптера МИ-8 и авион АН-12.
Ве молиме следете не и стискајте лајк: