ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Се сруши борбен авион во Турција: Загина пилотот…

Пилот на турски борбен авион “Northrop NF-5” загина откако леталото денеска се сруши во централна Турција, потврдија од турското министерство за одбрана.

Авионот околу 14:45 часот по локално време се срушил во провинцијата Конја, а причината за падот на леталото се уште не е позната.

На лице место веднаш пристигнале спасувачки екипи, а надлежните веќе отвориле истрага која треба да ги утврди причините за несреќата.

Претседателот Реџеп Таип Ердоган изрази сочувство на семејството на настраданиот пилот.

Како што пренесуваат турските авиони, авионот кој се сруши бил дел од акробатскиот тим на турското воено воздухопловство, а несреќата се случила за време на тренажен лет.

Please follow and like us:
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.