Се подготвува првата предизборна коалиција, СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ ќе одлучуваат по избори
Албанската опозиција здружено ќе го напаѓа ДУИ на изборите на 12
април. Алијансата на Села, Беса на Касами и Алтернатива на Гаши се на
чекор до договор за предизборна коалиција. Централното претседателство
на БЕСА вчера веќе ја донело одлуката, а деновиве истото треба да го
сторат и останатите партии.
Села во телефонски разговор за Сител потврди дека сериозно се работи на окрупнување на албанската опозиција.
Во ДУИ комотни. Велат дека не се исплашени од конкуренцијата.
„Отсекогаш сме ги охрабрувале фракционираните мали албански партии да се здружат во една листа за да ни конкурираат нас. Се надеваме дека ќе не послушаат во интерес на побројно претставување на Албанците во Собранието“ – вели за Сител портпаролот на ДУИ, Бујар Османи.
За аналитичарите, новата коалиција во албанскиот политички блок значи и крај на комотното владеење на ДУИ.
Според Божиновски, новата состојба кај албанските политички партии може да влијае и на распоредот на силите во македонскиот блок.
Божиновски не очекува други предизборни коалиции кои може да имаат некакво влијание на изборните резултати.
Такви најави доаѓаат и од најголемите политички партии.
Колкава ќе биде неизвесноста на 12 април, аналитичарите велат дека ќе зависи од квалитетот на понудата но и од она што партиите го чуваат како негативна кампања за противникот и чекаат да го употребат непoсредно пред стартот на кампањата.