Се најавува откуп на стаж за пензија
Од позиција на мандатар Зоран Заев денеска најави носење на нов Закон за пензионирање. Според Заев, приходите во Фондот за пензиско осигурување растат, па се отвора можност граѓаните кои ќе сакаат порано да заминат во пензија, тоа да го сторат преку откуп на стаж. Сепак, првичните информации се дека нема да може да се докупат повеќе од 5 години работен стаж.
„Ова го имама затоа што приходите во Фондот за пензиско растат и во време на корона-криза и тоа седум до осум отсто. Пред кризата растеа и до 12 – 13 отсто. Фондот како што знаете е стабилизиран и има таква можност…“, изјави Зоран Заев мандатар.
Најавите се дека минималната пензија во периодот што следи ќе изнесува 10.700 денари. Вчера техничкиот премиер во заминување Оливер Спасовски откри дека се подготвува нов – четврти пакет мерки за полесно пребродување на здравствено-економската криза. Според првичните најави, сега се планира да се делат платежни картички на пензионери кои имаат пензија до 15 илјади денари. Финансиска помош е предвидена и за невработените кои не се заинтересирани да најдат работа, за самохраните родители и за стечајните работници.