ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Сервер: Американците сфатија дека дијалогот нема да успее и следеше обвинението против Тачи

Косовскот претседател Хашим Тачи би требало да поднесе оставка доколку обвинението во јули биде потврдено во Специјалниот суд во Хаг, објави американскиот експерт за Балканот Даниел Сервер.

Тој својот став го изнесе во авторски текст на сајтот Писфер.

Според Сервер, Тачи треба тоа да го направи достоинствено и да замине во Хаг да се брани.

Сервер истакнува дека има доволно примери за тоа, почнувајќи од поранешниот премиер Рамуш Харадинај, и наведува дека на чело на Косово би требало да дојде неполитички кандидат сличен на поранепната претседателка Атифете Јахјага.

„Ако тужбата се потврди во јули, претседателот Тачи треба да поднесе оставка достоинствено и да оди во Хаг да се брани. Поранешниот премиер Харадинај двапати поднесе оставка за успешно да се брани во Хаг. Парламентот тогаш ќе мора да избере нов шеф на државата или ќе ризикува нови избори во рок од 45 дена. Истакнат, бескомпромисен и неполитички кандидат, сличен на бившата претседателка Атифете Јахјага е вистинската насока. Косово има изобилство од висококвалификувани луѓе, особено жени. Многу мал број од нив можат да бидат обвинети за воени злосторства, а повеќето се ослободени од корупција и други несовесни дела“, вели Сервер.

Обвинението на Тачи, вели Сервер, довело до нагаѓања дека Европејците го објавија сега затоа што не се согласуваат со американската иницијатива за дијалогот, но тој мисли дека Американците самите го направиле откако заклучиле дека состанокот веројатно нема да успее.

„Најавата дека обвинителот на Специјалниот суд во Хаг поднел обвинение против косовскиот претседател Хашим Тачи и поранешниот претседател на парламентот ја уништи можноста за економскиот состанок на Косово и Србија кој требаше да се одржи во Вашингтон викендов. Тоа натера некои да мислат дека Европејците го урнаа, бидејќи не се согласуваа со американската иницијатива, а некои со години го критикуваа Тачи. Мислам дека е пологично Американците тоа да го направиле бидејќи заклучиле дека состанокот веројатно нема да успее“, заклучи Сервер.

Според него, на Косово му е потребна влада со мнозинство во парламентот и нов претседател.

Вели дека ниеден косовски премиер не би требало да отиде во Брисел или Вашингтон да го продолжи дијалогот со Белград, без мнозинството во косовскиот парламент да се приближи до она кое го има српскиот претседател Александар Вучиќ, кој на изборите освои над 70 отсто.

За да го постигне тоа, премиерот Авдулах Хоти, кој функцијата ја презема пред помалку од два месеци, ќе мора да ги вклучи или Демократската партија на Косово или движењето Самоопределување, кое водеше краткотрајна влада пред Хоти.

Сервер смета дека Косово мора да се стабилизира, пред сѐ со прекинување на нападите врз Србите и нивниот имот и прекин на внатрешните судири меѓу албанското население.

„Јакнењето на државата Косово е предуслов за подобар резултат“, смета американскиот аналитичар.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.