ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Седница на владиниот економски совет, ќе има ли нови мерки?

Дојдоа, се видоа, поразговараа и се договорија пак да се видат. Нема конкретен предлог за антикризни мерки за помош на стопанството и граѓаните од страна на владата.

На денешната седница  на Економскиот совет иако се очекуваше конкретен пакет од владаат, сепак само се разгледувале идеите и предлозите на бизнисот, синдикатите, универзитетските професори, академиците. Коморите очекуваат одговор до наредната среда дали нивното барање државата да обезбеди доволно струја и по замрзната цена  за стопанството ќе може да се реализира.

Синдикалците побарале пет конкретни мерки. Платите да го следат порастот на инфлацијата и на потрошувачката кошничка, усогласување на платите со колективните договори и согласно порастот на инфлацијата, проширување на замрзнатите маржи и кај други основни прехрамбени продукти.Одговор очекуваат до среда.

Претходно најголемата бизнис комора се закани дека ако до денеска владата не донесе мерки, дел од големите компании ќе ставата клуч на врата, бидејќи не можат да ги издржат трошоците за струја  кои им се повисоки и до 6 пати. Пред средбата првиот човек на Комората Азески, кажа дека очекува владата да  излезево пресрет на нивните барања.

Академиците и универзитетскиет професори, пред срдбата апелираа дека е доцна да гасиме пожарим и дека итно мора да се донесат мерки за справување со инфлацијата. 

Следната среда се очекува нова седница на економскиот совет. Останува отворено прашањето дали владата до тогаш ќе спакува пакет антикризни мерки за помош на стопанството и граѓаните.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.