Северна Македонија Унгарија не го испорачува Груевски
Никола Груевски нема да им биде испорачан на македонските власти, одлучи денеска судот во Будимпешта.
Бегалецот Никола Груевски нема да биде испорачан во татковината, реши по получасовна, за јавноста затворена расправа, судот во Будимпешта.
Судијката Ева Вареѓи го отфрли барањето за екстрадиција на македонското Министерство за правда, како и меѓународната потерница, а како образложение наведе дека лицата кои побегнале од една земја,
не може да бидат екстрадирани во таа земја.
Пресудата сѐ уште не е правосилна, но жалба може да поднесе само унгарското обвинителство, а не државата Северна Македонија, пишува унгарскиот портал „index.hu“.
Груевски во Унгарија има статус на политички бегалец. Агенцијата ДПА оценува дека многу нешта укажуваат на тоа дека тој ужива заштита од страна на владата на Виктор Орбан. Унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто неодамна призна дека го прима Груевски редовно во својот кабинет, пишува ДПА, додавајќи дека азилантот сепак денеска во судот беше донесен со лисици на рацете и во придружба на две лица во цивилна облека.