СДСМ: Постигнат е договор со БЕСА на Касами за уставните измени
Постигнат е договор со кирилото на БЕСА на Биљал Касами, изјави денеска портпаролот на СДСМ Костадин Костадинов. Тој не прцизираше што е договoрено, но истакна оти тоа ќе биде објаснето преку партиски соопштенија.
Костадинов не објасни дали е обезбедено двотретинско мнозинство за уставните измени, наведувајќи дека тоа ќе се види на самиот чин на гласање.
Костадинов рече дека најостро ги демантираат, како што ги нарече, изнесените лаги на претседатеот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски и на раководтсвото на партијата дека се вршел притисок врз пратениците да гласаат за уставните измени.
Ве молиме следете не и стискајте лајк: