ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ со спротивставени ставови за формирање анкетна комисија за финансиите на СЈО

Опозицијата со иницијатива до претседателот на Собранието да се истражи финансиското работење на Специјалното јавно обвинителство, власта првично не се согласува со отворање на таква постапка.

ВМРО ДПМНЕ предлага да се формира Анкетна комисија која што ќе има задача да истражи како се трошеле парите во изминатите четири години во Специјалното јавно обвинителство под раководство на Катица Јанева.

Милошоски вели ќе предложат на седниците на Комисијата да присуствуваат и претставници на американската, холандската и шведската амбасада поради нивната финансиска поддршка на СЈО. Извештајот којшто би произлегол од работата на Анкетната комисија, вели Милошоски, би можел да им послужи на други институции надлежни за истрага на незаконско работење, но и како основа за предлог на законски измени за да се спречат идни незаконитости.

Парламентарното мнозинство во првичната реакција не даваат поддршка за формирање на вакво тело во Собранието.

За формирање на анкетна комисија потребен предлог до собранискиот претседател поддржана од 20 пратеници, којшто потоа ќе изгласан и на пленарна седница од мнозинство пратеници.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.