ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ не сака да се зголемува минималната плата

ВМРО-ДПМНЕ е против секоја мерка што е во интерес на граѓаните и носи повеќе пари во семејните буџети. Преку членот на Извршниот комитет, Трајко Славевски, ВМРО-ДПМНЕ порача дека се против зголемувањето на минималната плата. Научени само да грабаат од граѓаните ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски се против тоа платите да растат, се вели во денешното соопштение на СДСМ.ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски се против да расте минималната и сите плати, затоа што се навикнати парите да завршуваат само во белиот дворец, за да се богатат малкумина. Од друга страна, СДСМ преку конкретни мерки и политики обезбедува услови за раст на платите во сите сектори. Платите растат и ќе продолжат да растат, наскоро следува ново зголемување на минималната плата“, соопшти СДСМ.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.