ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

СДСМ бара on-line учество само за болните пратеници

Координативната средба кај спикерот Џафери не го разреши проблемот: како да функционира Собранието во услови на корона криза, и посебно, кога најмалку тројца пратеници се заболени и во изолација. Се шпекулира дека освен Исмаил Јахоски, Лазе Таневски и Јадранка Поцкова, има и други пратеници суспектни на вирусот.

Заради одржување на функционалноста на Собранието, СДСМ го поедностави првичниот предлог: наместо онлајн седници, сега предлага онлајн да бидат само пратениците кои имаат решение за изолација.

Предлогот го поддржува и ДУИ. Бараат консензус во Деловникот да се прецизира дека пратениците може да се сметаат за присутни и доколку се онлајн.

Двете опозициски коалиции велат дека има и друго решение: подобра соработка власт-опозиција, која би довела до поддршка на буџетот и на важните закони од поголем број пратеници. За Алијанса-Алтернатива, неприфатливо е болни пратеници да учествуваат во работата на Собранието.

ВМРО ДПМНЕ тврди дека уставот прецизира како функционира Собранието.

Додека трае потрагата по решение за донесување на ребалансот на буџетот и за буџетот за наредната година, како и за повеќе од 130 пристигнати закони, со физичко присуство на мал број пратеници, Собранието расправаше за заем од Светска банка во износ од 90 милиони евра заради итно справување со последиците од Ковид 19.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.