ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Свадби ќе има, се отвараат рестораните, дуќаните…

По празникот 1 мај животот во Македонија постепено ќе се враќа во нормала.  Ќе се отвораат фирмите, рестораните, занаетчиските дуќани, услужните дејности, книжарниците… Но како што велат надлежните ќе се прават и свадби за што се утврдува протокол за нивно организирање во услови на корона-криза.

Како што појасни министерот за здравство Венко Филипче за организирање на свадби во услови на корона-криза  разговараат со економските оператори за да се утврдат критериуми за распоредот на масите и растојанието што треба да се одржува на вакви прослави. Предвидено е да има  генерален протокол кој би се модифицирал зависно од специфичноста на објектот.

Според Филипче на оваа тема е разговарано и со Комисијата за заразни болести, пред сè како ќе се организира работата на рестораните, хотелите, училиштата и градинките. Тој најави дека кон средината на идниот месец ќе биде претставен концептот, кога и се очекува да бидат отворени и  рестораните.

-Рестораните  нема да работат како досега, ќе има одредени критериуми за тоа како ќе бидат наместени масите, односно мора да се одржува одредена дистанца -појасни министерот и дополни дека Комисијата за заразни болести веќе подготвува протоколи и за тоа како ќе се  одржуваат курсевите  и едукации во затворени простории, јавниот превоз, училиштата, градинките, економските оператори. Според него сите протоколи ќе бидат споделени со стопанските комори кои ќе ги претстават на економските оператори.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.