СБ на ОН ја повика „ЛНА“ да ги запре сите воени активности во Либија

An aerial view shows military vehicles on a road in Libya, April 4, 2019, in this still image taken from video. Reuters TV via REUTERS
Советот за безбедност на Обединетите нации ги повика силите на непризнаената либиска национална армија – „ЛНА“, со кои командува Калиф Хафтар, да ги запрат сите воени операции.

Советот изрази загриженост поради воената активност во близина на либискиот главен град Триполи, и предупреди дека тоа претставува закана за стабилноста на земјата, соопшти германскиот амбасадор Кристоф Хојсген, кој претседава со ова тело.
Повикот на светската организација следи откако вчера меѓународно непризнаената либиска национална армија соопшти дека ја презела контролата врз аеродромот во предградието на Триполи, како и два соседни града.