Самит ЕУ – Украина во Киев
Сирените за тревога им посакаа добредојде на еврпските лидери во Киев на самитот ЕУ – Украина.
Во пресрет на годсишнината од стартот на руската инвазија, првите луѓе на унијата доаѓаат во украина со ветувања за поголема воена, финансиска и политичка помош. Официјален Киев пак се надева дека земјата ќе добие побрз пристап до полноправно членство во Унијата, иако неколку држави членки се скептични по тоа прашање. Украина доби статус на кандидат четири месеци по почетокот на инвазијата, но Брисел бара од украинската влада порешителни чекори во борбата против корупцијата. Претседателката на Европската комисија, Урсула вон дер Лајен пак се закани дека Русија на крајот ќе ја плати цената на војната.
„Ова е заедничка европска задача – да се намали способноста на Русија да ги заобиколи санкциите и колку побрзо и подобро се изврши оваа задача, толку поблиску ќе бидеме до поразот на Русија.“ – изјави вон дер Лајен.
Официјална москва ги критикуваше ветувањата, напоменувајќи дека новите испораки на оружје ќе го ескалираат конфликтот, но нема да го променат неговиот курс. Според руското министерство за надворешни работи додека унијата тоне во рецесија и Украина ја влече надолу со себе
„Западна Европа паѓа во рецесија и одамна ја изгуби навиката за преживување. Европа тоне, а Украина ја влече на дното.“ – изјави Марија Захарова портпарол на Министерството за надворешни работи на Русија.
Руските трупи продолжуваат со притисокот во регионот Доњецк, што според генералштабот на Украинската армија, преставува знак дека Москва се подготвува за голем офанзива. Во меѓувреме, руската армија продолжува и со нападите врз цивилните и инфраструктурните цели.