ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Самит ЕУ-Западен Балкан: Ве молиме останете во чекалницата

Пораката од Самитот во Брдо е јасна – шесте земји од Западен Балкан треба да станат дел од Европската Унија. Но нема временска рамка за тоа – ЕУ го критикува темпото на реформи.Словенечките домаќини изградиле мал град од шатори на зелена ливада за Самитот на ЕУ со западнобалканските земји. Премиерот Јанез Јанша сакаше тука да се профилира и се понадева дека ќе постигне политички успех. Но, средбата одржана на местото со прекрасен планински пејсаж потона во дождот кој не престана да паѓа. „Како Вудсток, само без секс и рокенрол“, се шегуваа новинарите. 

Патот до местото за конференција за новинари се претвори во каллива патека, а присутните беа повеќе накиснати отколку среќни. Амбициозниот план на Јанша, ЕУ да се обврзе овие земји да ѝ се придружат на Унијата до 2030 година, не му успеа. Сѐ остана на општи заклучоци со истата мантра – Западниот Балкан во принцип му припаѓа на европското семејство, но потребно е повеќе време. 

Геополитиката триумфира над скептицизмот 

 Летонскиот премиер Артурс Каринс утрото кусо изјави: „Или Европа ќе подаде рака, или тоа ќе го стори некој друг.“ Алудираше на обидите на Кина, Русија или Турција преку инвестиции и политички иницијативи да изградат упоришта на Западниот Балкан. Шесте земји имаат долг пат пред себе, рече Каринс, но процесот на пристапување мора да напредува.

И Ангела Меркел, на која до формирањето на новата германска влада ѝ остануваат уште еден или два самита на ЕУ, уште еднаш јасно стави до знаење: „Не им правиме ние услуга ним, туку наш основен интерес е Западниот Балкан да биде дел од ЕУ“. Сите се согласиле со ова и нужно е Европејците да ги одржат своите ветувања.

Германската канцеларка претходно заедно со францускиот претседател имаше обид, преку билатерални разговори да се надминат одредени интерни пречки. Во разговорите со претставниците на Србија и Косово, Ангела Меркел и Емануел Макрон безуспешно ветуваа економска поддршка со цел двете земји да го надминат конфликтот. Канцеларката и претседателот дури и си преземаа обврска да преговараат со Бугарија за да го решат спорот со Северна Македонија  околу јазикот и долгогодишната блокада на пристапните п еговори. Но, претставниците од Софија само одмавнаа со рака – тие како дел од преодна влада не се во позиција да решаваат.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.