ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

САД тврдат дека руските сателити се однесуваат чудно и дека почнале да ги следат американските

Минатиот ноември руската влада лансираше два сателити што сега активно маневрираат во близина на американскиот државен сателит и се однесуваат слично како сателитите што Русија ги распореди во 2017 година и ги окарактеризира како сателити за инспекција“, рече вчера Џон Рејмонд, командант на Вселенската команда на САД и водач на Вселенските сили.

Соединетите Држави во декември 2019 година ги покренаа Вселенските сили, првиот нов воен оддел од 1947 година, а вчера администрацијата на Трамп за него побара 18 милијарди американски долари во рамките на буџетот (и за други вселенски активности), пренесува Си-ен-ен.

Иако руското Министерство за одбрана рече дека „целта на овој проект е дополнително да се процени техничката состојба на домашните сателити“, Рејмонд рече дека неодамнешните руски активности „го претворија вселенско истражување во воена зона“.

Тој, исто така, истакна дека руските сателити „демонстрирале карактеристики на вооружување кога еден од овие сателити во вселената испуштил проектил со голема брзина“.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.