САД и Франција го преживеаја најпеколното деноноќие
Прогнозата за црниот период во САД се остварува.
Во последниве 24 часа коронавирусот беше фатален за повеќе од 1800 Американци, најмногу досега, со што земјата достигна бројка близу тринаесет илјади смртни случаи. Главното жариште останува Њу Јорк, каде што коронавирусот зеде околу пет илјади и петстотини животи, што е речиси половина од вкупниот број на жртви во САД. Според Трамп ова значи приближување кон пикот на заразата, од која досега заболеа преку 400 илјади американци.
На мета на Претседателот се најде светската здравствена организација, за која тој кажа дека во неколку наврати носеле задоцнети или погрешни одлуки, додадвајќи и дека се премногу фокусирани кон Кина, а соопшти и дека во Белата Куќа се размислува за замрзнување на финансирањето на организацијата.
Во дворот на Европа жариштата сеуште се активни. Франција за изминатото деноноќие изброја илјада и четрсто жртви, а ваквото движење на кривата беше најавено.. по најсмртоносниот ден од почетокот на пандемијата земјата надмина десет илјади починати. Бројката во Шпанија и понатаму расте, откако животот поради корона го загубија 757 лица. Најтажен ден и во Германија со регирстрирани 254 жртви, а воедно позитивни на вирусот се и нови 4000 лица, што е најголема бројка во изминатите неколку дена.
Од островот пристигна вест дека премиерот на Британија е во стабилна состојба и добива стандардна кислородна терапија. Џонсон ја помина и втората ноќ на интензивно лекување.
Изворот на коронавирусот, запечатениот Вухан по 76 дена повторно ги отвори портите кон светот бидејќи денес и официјално излезе од изолација… Отворањето на 11 милионскиот град на полноќ го одбележа светлосна престстава од двете страни на реката Јангце, а на зградите и мостовите каде што луѓе извукуваа „напред Вухан“ и се пееше химната, беа анимирани херојски фотографии од медицинските работници како им помагаат на пациентите.
Во соседството најмногу заразени има во Србија која нареди хоспитализирање на сите позитивни, па дури и оние кои се асимптоматични. Северниот сосед досега има 2500 заразени. Додека пак најголем број на смртни случаи има во Грција, каде што почина 81 лице. Сите земји, вклучително и Македонија се во очекување на пикот кон крајот на април.