ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

САД и Кина ја “замрзнаа” трговската војна

САД и Кина постигнаа договор за трговскиот спор – според договорот, во следните 90 дена ќе бидат стопирани американските планови за зголемување на царините.
До договор дојде во саботата по вечерата на претседателите на двете држави, Доналд Трамп и Си Џинпинг на самитот Г20 во аргентинската престолнина Буенос Аирес.
Американскиот претседател Доналд Трамп се согласил да биде одложен планот кој предвидуваше на 1 јанури 2019 година Соединетите Американски Држави да воведат нови царини на 200 милијарди долари вреден увоз на кинеска стока.
“Ако ова успее, тоа ќе биде еден од најважните договори кои некогаш биле направени#, изјави Доналд Трамп за новинарите во авионот за време на неговото враќање од самитот во Аргентина.
Кинезите од друга страна, се согласиле да купат значајниа количества на земојделски, енергетски, индустриски и други производи од САД со цел да се намали огромниот трговски дефицит на САД со Кина, соопштија од Белата куќа.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.