ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

САД и Грција повикаа на мирно решавање на спорот во источен Медитеран

Вашингтон и Атина апелираа во понеделникот на мирно решавање на поморската конфронтација во источниот дел на Средоземното Море, во текот на дводневната посета на американскиот државен секретар Мајк Помпе на Грција.

Двете земји сојузнички во НАТО, Грција и Турција, кои имаат голем број меѓусебно нерешени прашања и кои доведуваа во минатото до судири па и до истапување на грчката страна од блокот, неодамна по најновата ескалација на конфронтациите се согласија да ги продолќат разговорите за истражувањето на енергетските ресурси во споредните води по повеќенеделните тензии кои кулминираа со судар меѓу воени бродови.

„САД и Грција ја потврдија својата убеденост дека прашањето на поморските граници треба да се решава на мирен начин во согласност со меѓународното право“, се наведува во заедничкото соопштение по средбата на американскиот државен секретар Мајк Помпео и шефот на грчката дипломатија Никос Дендиас.

Двете земји, исто така, се подготвени да ги употребат „сите расположливи средства“ за заштита на регионалната стабилност, се додава во изјавата по средбата во Солун.

Помпео претходно изјави дека САД се „длабоко загрижени“ поради турските активности во источен Медитеран.

Турција ја вознемири Грција кога во август испрати истражувачки брод придружуван од борбени пловила во спорните води. Турција по неколку седмици го повлече бродот и порача дека ѝ дава шанска на дипломатијата.

Геоплотичката ситуација во регионот се комплицираше кога Турција потпиша договор за поморско разграничување со Либија што е во спротивност со договорот меѓу Грција и Египет, односно се однесува на истите води.

САД истовремено се надеваат на создавње енергетски врски со Грција која настојува да стане енергетски центар на Балканот, какви што се и намерите на Турција. Атина започна да увезува поголеми количества америкаски течен природен гас (LNG). Грција, исто така, развива пловечка единици за складирање на LNG во близина на пристаништетот Александрополи, од каде ќе го насочува гасот кон Бугарија, а од Бугарија во централна Европа до почетокот на 2023 година.

Грција го продава мнозинскиот удел во пристаништето Александрополи и бара инвеститор за упеавување со делот од пристанишните објекит во северниот град Кавала.

Please follow and like us:
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.