ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Рускоска знае за снимката од Димишков, тврди дека Заеви во неа не се споменуваат

Дел од нова аудио снимка од случајот „Рекет“ протече во јавност,  на која се слуша наводно името на адвокатот Васил Димишков, брат на судијката Весна Димишкова од Кривичен суд која го стави Орце Камчев во притвор.

Обинителката Рускоска за тв 24 потврди дека овој разговор е исечен од аудио снимка која потекнува од доказите во „Рекет“, која обвинителството ја добило од Зоран Милески Кичеец. Русковска демантира дека  на снимката се слушаат имињата Вице и Зоран Заев во контекст поврзан со пари.

Потврдува дека оваа снимка е исечена од разговор кој трае 57 минути и е пуштен во судница на рочиште кое беше затворено за јавноста. Не знае од каде и за која цел протекол овој разговор, вели дека станува збор за разговор меѓу Димишков и Зоран Милески, а на другите разговори е и Ана Камчева, сопруга на осомничениот Орце Камчев.

Please follow and like us:
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.