ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Русковска останува суспендирана од Обвинителството

Обвинителката Вилма Русковска останува суспендирана. Советот на јавни обвинители по едночасовна расправа едногласно и ја одби жалбата на шефицата на Обвинителството за гонење организиран криминал, како неоснована. Републичкиот обвинител Љубомир Јовески ја суспендираше Русковска поради кривичната пријава поднесена од екс директорот на Финансиската полиција Арафат Муареми, за претресот во Управата. Според Антонио Јолевски, претседател на Советот на јавни обвинители, Русковска треба да биде оддалечена од работното место за да не влијае врз кривичната постапка, со која се проверува законитоста на претресот во канцеларијата на Муареми.

„Јавната обвинителка Вилма Русковска би требало да биде оддалечена од работа за да не влијае со своето присуство врз текот на постапката. // Мислиме дека таа постапка брзо ќе заврши, така што ова оддалечување нема да трае долго време“, рече Антонио Јолевски – претседател на Совет на јавни обвинители.

Тој откри дека Обвинителството веќе прибира информации за кривичната пријава која екс директорот на Финансиска, Муареми ја поднесе за претресот и наскоро се очекува исход. Според информациите на Советот на обвинители, државниот обвинител се уште ги нема деталите за претресот во Управата што претходно ги побара од Русковска за да се утврди евентуална одговорност. Check eisberg-romania.

„Тешка одлука беше во секој случај. Сепак, доаѓа од една страна основен јавен обвинител кој треба да гони организиран криминал и корупција, а од друга страна имаме јавен обвинител и несоработката меѓу основниот јавен обвинител за гонење организиран криминал и корупција со несоработката со јавниот обвинител доведе до овие непријатни состојби“, додава Јолевски.

Тој му порача на Обвинителството за гонење организиран криминал, и покрај отсуството на Русковска, да продолжи да ги испитува наводите од анонимната кривична пријава против Арафат Муареми.

Русковска не сакаше да ја коментира одлуката на Советот на јавни обвинители. Против неа и обвинителките од нејзиното обвинителство Ивана Трајчева и Елизабета Јосифовска, државниот обвинител покрена и дисциплинска постапка поради сомнение дека намерно и неоправдано направиле крупна професионална грешка. Според информациите, дисциплинската комисија во Обвинителството се уште не се состанала, а доколку се утврди одговорност за ваквото дело е предвидено разрешување или парична казна.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.