Руската инвазија на Украина е оправдана, изјави Милорад Додик
Членот на Претседателството на БиХ, Милорад Додик, ја оправда руската инвазија на Украина во интервју за руската државна агенција Тасс.
Во пресрет на неговите разговори со Владимир Путин утре во Москва, Додик коментираше дека долги години Западот не реагирал на, како што рече, истребувањето на руското население во Украина, и тврди дека во Донбас секојдневно се случуваат убиства и гранатирање.
„Западот подготви офанзива против Луганск и Донецк со украинските сили, ги обучи нивните војници и испрати значителен број свои платеници. Сè беше многу јасно и Русија мораше да возврати. Но, начинот на кој тоа го прави е различен од начинот на кој Американците го направија тоа во многу делови од светот, не сметајќи ги цивилните жртви. Русија спроведува специјална операција чија цел е да го уништи непријателот, но својата мисија ја извршува на тој начин за да има што помалку жртви, изјави Додик.
Тој потсети на минхенскиот говор на рускиот претседател Владимир Путин, кој, како што рече, Западот не го сфати сериозно.
„Сите се сеќаваме на предупредувањето на претседателот Путин на конференцијата во Минхен дека Русија не може мирно да гледа на пристапот кон нејзините граници и дека тоа никогаш нема да го дозволи. Сите овие предупредувања не беа сфатени сериозно. Но, во Европа, Западот може да се однесува арогантно кон нас, Србите, да ја прекине нафтата“, да воведе санкции, но Русија е друга приказна, Русија мораше да возврати, коментира тој.
На прашањето каква е состојбата денеска во врска со евентуалниот референдум за излез на Република Српска од Босна и Херцеговина, Додик рече дека РС останува на таа позиција и е уште понезадоволна, но и дека идејата се чека соодветниот момент.
„Нашиот стремеж кон Србија е природен. Слична е ситуацијата и со Русите во Украина, од кои во таа земја има 15 милиони и на кои рускиот јазик им е забранет од политичкото раководство на таа земја. Затоа руската специјална операција во Украина е оправдана со заштита на правата на својот народ. Така ние овде – не можеме да имаме заеднички училишта, заеднички учебници со муслиманите“, рече Додик.