Руската војска го премина Еуфрат кон границата на Турција и Сирија
Руската војска денеска ја помина реката Еуфрат во Сирија во правец кон турската граница , како дел од турско- рускиот договор за повлекување на курдските сили , соопшти Министерството за одбрана на Русија.
„Денес (среда) во 12 часот (Централноевропско време), руската воена полиција го премина Еуфрат во правец кон сириско-турската граница“, соопштија од Министерството.
Руската воена полиција ќе помогне во повлекувањето на Националните одбранбени сили (ППР, курдските борци) и во нивното разоружување во длабочина од 30 км во голем дел од северо-источниот дел на Сирија по должината на границата со Турција, се додава во соопштението.
Врз основа на договорот потпишан вчера од Владимир Путин и Реџеп Таип Ердоган, Русите и Турците ќе патролираат во наредните 150 часа по 11 часот денеска по средноевропско време.
Руското Министерство за одбрана објави и карта на северо-источна Сирија, означувајќи ги локациите на 15 сириски гранични пунктови.
Според руската новинска агенција Риа Новости, припадниците на силите испратени од Москва се сретнале со водачите на курдскиот град Кобане, симбол на отпорот кон групата Исламска држава. Според руско-турскиот договор, Турција сепак ја задржа контролата врз друга област на северо-исток, долга 120 километри, во која нејзината армија е веќе присутна. Турската војска го зазеде овој терен во офанзивата против ПГК, што започна на 9 октомври.