Русија ќе се обиде да ги извади остатоците од американското воено беспилотно летало кое се урна во Црното Море, изјави секретарот на Советот за национална безбедност на Русија Николај Петрушев.Портпаролот на Белата куќа Џон Кирби изјави дека можеби никогаш нема да биде пронајден.
Патрушев изјави за ТВ каналот „Россија-1“: „Не знам дали ќе успееме или не, но, да, тоа мора да се направи. И ние секако ќе работиме на тоа. Се надевам, се разбира, успешно .
„Второ, во врска со дронот – Американците постојано велат дека не учествуваат во воени операции. Ова е најновата потврда дека директно учествуваат во овие активности – во војна“, рече тој.
Американската војска вчера објави дека руски борбен авион го погодил пропелерот на шпионски дрон, кој потоа паднал во Црното Море. Русија тоа го негира и тврди дека авионот паднал поради „остро маневрирање“.
Кирби вели дека не се пронајдени остатоци од дронот. „И не сум сигурен дека некогаш ќе има бидејќи падна во многу длабоко море. Сè уште анализираме дали има начин да го извадиме. Можеби нема да може“, изјави Кирби за Си-Ен-Ен.
Доколку биде извлечен од Русите, американските власти презеле мерки да ги спречат да извлечат корисни информации, додаде тој. „Тоа е наша сопственост“, додаде тој.
Кремљ претходно денеска соопшти дека односите со Соединетите Држави се во „очајна состојба“ и на најниско ниво по инцидентот.
Стејт департментот вчера го повика рускиот амбасадор Анатолиј Антонов за да ја изрази американската загриженост за инцидентот, прв од ваков вид од почетокот на војната во Украина пред повеќе од една година.